Јовевски: Неформалната економија ги ’руши’ правата од работен однос
Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски:
Неформалната економија ги “руши” правата од работен однос и претставува нелојална конкуренција за компаниите! Затоа, ако сакаме да градиме чесно општество сите треба да се заложиме за формализација на неформалната економија и труд!
Денес на покана на министерката за финансии имав задоволство да присуствувам на конференцијата “Формалзација на неформалнта економија – преку соработка до успех”, каде како дел од Кабинетот на Претседателот на Владата ги чув ставовите на сите социјални партнери и засегнати институции.
Го поздравувам потпишувањето на зедничката Декларација и верувам дека искажаните заложби ќе прераснат во заеднички трудови и економски политики!

