ЕкономијаМакедонијаНовости

„Алкалоид“ активира нов погон за лекови во вредност од скоро 20 милиони евра

   Време за читање 1 минута

„АЛКАЛОИД“ активира нов погон за производство на цврсти фармацевтски форми во кој ќе се произведуваат таблети, филмувани таблети, капсули и двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија за производство во Македонија. Со пуштањето во употреба на новата техничко-технолошка единица се удвојува производствениот волумен.

Новиот капацитет е со површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него „Алкалоид“ вложи вкупно 19,4 милиони евра. Во изведбата на овој објект беа ангажирани 30 домашни и 16 странски компании. Опремата за производство на цврсти фармацевтски форми е набавена од светски познати производители на опрема.

„Ние и понатаму ќе работиме, ќе се фоксуираме на глобализација на брендот “Алкалоид” на кој сме посебни горди и на патеката која сме ја зацртале и сме свесни и сме решени дека тоа може да стане уште појак и помоќен глобален бренд во рамки на фармацевтската индустрија во светот“, изјави генералниот директор и претседател на управниот одбор Живко Мукаетов.

Ова е еден од најкрупните инвестициски проекти на „Алкалоид“ АД во изминатите две децении. Компанијата во 2005 година имаше пласмани од 53,1 милиони евра, а во 2023 година прикажа консолидирани пласмани од 268,3 милиони евра. Следствено на овој петкратен континуиран раст, во текот на изминатите 15 години беа реализирани инвестиции во вредност од над 220 милиони евра.

Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во повеќе од 40 земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *