- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Ампева до УЈП: Недозволива е исплатата од 2 денара на сметките на работниците

486views

➡️➡️➡️И оваа среда се одржа состанок меѓу граѓанските организации , Министертсво за труд и социјална политика, Државен инспекторат за труд , синдикати и на овој состанок, и претставничка од Управата за јавни приходи.
⚠️Се разговараше за доставени барања од Гласен Текстилец за инспекциски надзор на фирми , состојбата со работничките права, исплати на К15 за оваа година и договорено е синдикатот да даде толкување заедно од ОРМ во однос на исплатата на регрес за годишен одмор, К15.

⚠️Понатаму, Кристина Ампева ја потенцираше важноста од Управата за јавни приходи која беше надлежна да внимава на исплата на минимална плата согласно постоечкиот Закон за работни односи, но и злоупотребите кои се случија со државната помош која беше дадена наменски, за да бидат задржани работните места и се исплати минимална плата.

⚠️Понатаму, Ампева укажа до УЈП дека е недозволива исплата од 2 денара на сметки на работници како што се случува во фирма, како и исплати од смешни суми по 5000 денари во име на аванс.

➡️ Работниците работат за плата, а институциите се платени за да спроведат закони. Горенаведените појави се недозволиви во една ваква ситуација, во држава каде има институции кои треба да спречат манипулации со работничките права.