Ампева: Знам како е да се работи на празник, ми било криво што не сум била со семејството

Фејсбук статус на Кристина Ампева, претседателка на “Гласен Текстилец”:

Абе луѓе не е Кристина корумпирана оти го кажува законот, нит јас сум го напишала. Знам како е да работиш на празник, на верски и државен, конкретно кога сум работела на утрешниот празник, сум плачела над машината оти на такви денови не сум била со мојата фамилија, не сум имала можност да одам со нив да го гледаме фрлањето на крстот. Работа за празник немаат обврска работодавачите да го пријавуваат во трудов инспекторат, туку да го платат како работа за празник.
Во Новиот закон ќе бараме да има кој сака плус дневница празнична, да оди , кој сака ден со семејството да не оди. Не е до мене. Тој е законот. Затоа велиме кога веќе законот вика да се работи за празник, да биде платен тој труд. Со тоа што ќе фрлате дрва и камења по мене која единствено стои на ваша страна, не си правите услуга него штета.


Го мразам веќе секој празник, оти не е дека Кристина сега е слободна и ќе оди на Водици, него Кристина повторно ќе работи и ќе собира пријави и ќе бара во февруари дали е исплатена празнична дневница во јануарската плата. Ако можете да помогнете да го промениме ова, арно. Со тоа што еј види , пишале да пријавуваме , што ќе направат па они, не бива ништо.

Пс. Ова газденцата на конфекции што работат утре, а се жалат нели дека немаат работа, нема да им се исперат гревовите со донации во црква. Толку!