Ампева: Не смее да им се дадат субвенции на работодавачите, ќе ги злоупоребат повторно

Дали покачувањето на минималната плата ќе зависи од работодавачите кои се дел од Економско – социјалниот совет? Ова прашање денеска на прес – конфренција го постави Претседателката на здружението за зашита на работничките права „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева, стои во Фејбук објавата на здружението.
 
Ампева изразила загриженост во врска со предлог – Законот за изменување на Законот за минимална плата, по скратена постапка. Истиот беше предложен од страна на Левица, а инициран од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во Предлог законот, стои процент наместо точен износ на минималната плата. Дополнително, во членовите 1 и 2 , став 2, се вели усогласувањето или покачувањето на минимална плата, се носи од министерот за труд и социјална политика по претходно мислење од Економско-социјалниот совет. ❓❓❓Се поставува прашањето, дали покачувањето на минимална плата ќе зависи од работодавачите кои се дел од ЕСС?, стои во објавата.
Понатаму, се наведува дека дел од бизнис заедницата бара за зголемувањето на минималната плата бара ново субвенционирање на плати од државниот буџет.
Изминатите години сведоци сме на злоупотреби на државна помош во време на корона кризата како и злоупотреби на субвенционирањето на платите од 2017 година. Државните пари, завршија во џебовите на работодавачите, но не и кај работниците.
⚠️Затоа ново субвенционирање не смее да има!, се истакнува во објавата
Ампева апелира да не се избрзува со закони и наводни решенија зад затворени врати. Тие како здружение, рекла таа, бараат да бидат вклучени сите чинители кои ќе придонесат за системски решавања на проблемите.
Со вакви дебати зад затворени врати, ќе имаме нови проблеми. ⚠️Без анализа на секторите, без стратегија за секторите, без волја за дебата и реални мерки, ние ќе имаме осиромашување на и вработеното население, сива економија, враќање на плата назад кај работодавачите, злоупотреби со државни субвенции, рекла Ампева, се наведува во објавата.
Мерки за зајанување на економијата не се ослободување од даноци на најпрофитабилните индустрии, како што било најавено до премиерот Ковачевски. Потребна е широка дебата со експерти, за итно надминување на оваа криза предизвикана прво од пандедмијата, па покачувањето на основните продукти, електричната енергија и нафтените деривати.
Потребни се сериозна анализа на погодени сектори, прогресивно оданочување за профитот, а ослободување од даноци за погодените. Потребно е јакнење на институциите за борба против сивата економија и не исплаќање на плати и придонеси кон вработените, се вели во објавата и се додава:
Економијата се јакне со зголемување на куповната моќ на граѓаните, а не со половични решенија и дебата зад затворени врати, како и ослободување на даноци за најбогатите. Решенијата се тука, треба само да ги слушнат нашите апели и да се зафатат со реално решавање на проблеми. Плата повисока и од 18.000 денари е возможна, неопходна во време на ваква криза! И повторно, на граѓаните им треба системско решавање на проблеми, сериозни дебати и плати за живот, а не криење зад затворени врати и популизам за народни маси!

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.