Анагажираноста на работниците во Македонија и останатите земји во Европа е најниска во светот

Ангажираноста и продуктивноста на работните места опаѓа на глобално ниво. Македонија и останатите земји од Европа бележат најмала вклученост на работниците која изнесува 14 %. Најголема е ангажираноста кај работниците во САД и Канада или 33 %. 

Извор: Gallup

Работниците не ги сметаат работните места за значајни, оценуваат дека нивните животи не течат добро, ниту пак имаат надеж дека ќе се подбори нешто во иднина. Ова го посочуваат од консултантската компанија „Галуп“ во нивниот извештај „Состојбата на глобалната сила“ објавен оваа година.

Имено, Галуп мери повеќе фактори кои ги засегаат работниците, меѓу кои нивната вклученост на работните места и благосостојбата.

Галуп, вклученоста на работните места ја мери согласно ангажманот и ентузијазмот на работниците на нивните работни места.

Вклученоста на работниците помага при мерење и менаџирање на преспективните на круцијалните елементи повразни со културата на работните места, каде што спаѓа и продуктивноста. 

Од консултантската компанија во извештајот констатираат дека пред пандемијата, вклученоста на работниците растела на глобално ниво, но по појавувањето на вирусот, таа доживеала стагнација. Во 2021 година, вклученоста пораснала за еден процентен поен, но останала под нивото од пред-пандемиската 2019 година.

Од Галуп наведуваат дека има опаѓање и на благосостојбата на работниците. Таа се зголемила за 1 процентен поен, но не во сите региони.

„Ова зголемување само ги маскира големите разлики меѓу регионите. На пример, во Австралија и Нов Зеланд благосостојбата се зголемила за 6 процентни поени, додека во Европа се намалила за 5 процентни поени“, стои во извештајот на Галуп.

Гледано глобално, 21 % од работниците се вклучени на работните мста, а 33 % се во целосна балгосостојба. Сепак, како што наведуваат, вклученоста е доста ниска и тоа, според проценката на Галуп, ја чини глобалната економија 7,8 трилиони долари или 11 % од глобалниот бруто домашен производ.

Истражувањето на Галуп коешто било спроведено во 112,312 компании во 96 земји, вклучително и во Македонија, открило силна врска помеѓу вклученоста на работниците и резултатите од нивниот перформанс на работните места, како што се задржувањето на вработените, продуктивноста, безбедноста и профитабилноста.

Извор: Gallup

Од Галуп забележуваат дека во 2021 година имало и зголемување на стресот кај работниците, наведувајќи дека тој бил поголем и од 2020 година кога најмногу беснееше пандемијата. Според нив, 44 % од глобалната работна сила била изложена на стрес во текот на претходниот работен ден.

Во Македонија продуктивноста е една од најниските во Европа

Податоците на Светска банка укажуваат на тоа дека во Македонија има најмала продуктивност (вклученост), а очекувањата се дека продуктивноста и во иднина ќе опаѓа.

Опаѓањето на продуктивноста во најголема мера се должи на недоволното инвестирање во приватниот сектор и немањето на доволно квалификувана работна сила, но и недоволна мотивација, бидејќи работниците сметаат дека платите за кои работат се премногу ниски.

Според светските експерти од областа на пазарот на трудот, вклученоста на работните места опаѓа бидејќи менаџерите не ги исполнуваат ветувањата дадени на работниците за зголемување на платите и кариерно напредување, но и поради тоа што се повеќе работници, работните места ги сметаат за незнајачни. На новите генерации работници повеќе не им е важно само на почетокот на месецот да земат плата или да се искачуваат на повисоки позиции, туку и тоа колку нивната работа влијае врз општеството.

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.