- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Анализа: 40 проценти од високообразованите живеат и работат во странство

Анализа: 40 проценти - Работник
336views

Официјално – пописот во земјава почна. На 1 ви март започна попишувањето на нерезидентното население – луѓето кои повеќе од една година се надвор од земјава, главно дијаспора. Статистичката операција која треба да го „пребори“ населението ќе биде дочекана со загрижувачки податоци кои досега „премолчено“ се коментираа во јавноста. Еден од нив што се очекува да исплива на површина е егзодусот на „мозоци“, пишува Порталб.

Незапирлив тренд на одлив на високообразован кадар од земјава. Во 2010 та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образованите луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години подоцна состојбата е драстично влошена.

Advertisement

„Според последните податоци и издадената анализа во 2019 та година стапката на високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40% или повеќе од една третина од високообразованиот кадар“, нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ на државните ревизори.

Порталб веќе ги обајви клучните наоди од оваа анализа кои се однесуваат на горливиот проблем „младинската невработеност“ како и на невработеноста која е последица на ковид-19 кризата, но ова истражување содржи сериозни забелешки за тоа дали институциите ги спроведуваат мерките за да се запре „белата чума“.

Advertisement

Така, ревизорите потсетуваат дека Министерството за образование има изготвено Национална статегија за спречување на одлив на високообразован и стручен кадар 2013-2020, а за нејзино реализирање бил изготвен и Акциски план до 2014 та, но не и до 2020 та година.

„По спроведените интревјуа и разговори со надлежни лица ревизијата не доби информација ниту извештаи за реализација на утврдените цели и активности од стратегијата. На ваков начин и покрај вложените ресурси за изработка на ваков значаен стратешки документ за намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри, ревизијата не доби докази дека стратегијата заживеала во пракса и без образложение за истото“, забележуваат ревизорите.

За една година 5 000 луѓе пријавиле дека ја напуштиле Македонија

Ревизорите ги нотираат институциите кои го регистрираат „одливот“ на луѓе, привремено или трајно заминати во странство. Дел од тој ланец се МВР и Државниот завод за статистика. Така се забележува дека различни институции раполагаат со различни податоци за тоа колку луѓе со какво образование ја напуштиле земјава.

2018 год 2019 год

Вкупно отселени граѓани ДЗС 144 612

Отселени со високо образ. ДЗС 1359

Пријавен престој во странство МВР 7 649 12 653

Овие податоци покажуваат дека само за една година Министерството за внатрешни работи регистрирало 5 000 нови луѓе кои пријавиле престој во странство – или ја напуштиле Македонија. Според Државниот завод за статистка, пак, само за една година за повеќе од четири пати е зголемен бројот на отселени граѓани со високо образование. Без разлика што податоците доаѓаат од различни извори и мерени се според различни критериуми – епилогот е ист, на годишно ниво драматично се зголемува бројот на граѓани што ја напуштаат земјава.

„Причините кои водат до одлив на мозоци генерално се должат на можностите за вработување, повисоки плати, професионално унапредување и обука, подобра иднина за членовите на семејството како што се можности за образование на децата и подобри услови за живеење и работа“, заклучуваат ревизорите.

На крајот од минатиот месец Агенцијата за вработување регистра 13 262 невработени со високо образование.

Невработени 31 ви јануари 2021 година

Високо образование 13 262

Магистри на науки 985

Доктори на науки 30

Одливот на високообразовани луѓе станува сериозен проблем, кој според анализата на ревизорите, го менува пазарот на работна сила во земјава што резултира со недостиг на образован и квалификуван кадар во фирмите во земјава.

Advertisement