- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Армијата од утре низ болниците – ќе се обезбедуваат пациентите, лекарите и медицинските сестри

Армијата од утре низ болниците - Работник
116views

Врховниот командант на Армијата, односно претседателот Стево Пендаровски треба да даде зелено светло, од утре армијата да започне да ги обезбедува здравствените објекти, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска. Војниците ќе им помагаат на полицајците за зачувување на редот во здравствените објекти, од кои повеќето се ковид-центри, со цел на здравствените работници да им обезбедат подобри услови за работа.

Распределбата на војниците ќе се прави според барањата на болниците.

Во меѓувреме Велика Британија донираше опрема за Армијата во износ од 230 илјади британски фунти. Амбасадорката рече дека ќе се зголеми поддршката и помошта особено сега кога земјава е дел на НАТО.

„Обидинетото кралство донира нова значителна количина на нова опрема на Армијата на Република Северна Македонија, опремата е наменета за престојната способност на армијата за блиска борбена пешадија без возила и конкретно во единиците назначени за НАТО“, посочи Рејчел Галовеј.

Инаку целта на ангажманот на армијата е, лекарите, медицинските сестри и пациентите да се чувствуваат заштитено а за тоа одговорни се полицијата и армијата. Инаку речиси 300 припадници на Армијата ќе и помагаат на полицијата во обезбедување на здравствените објекти.

Advertisement