- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Банките и Владата се договорија за помошта од шест илјади денари за ранливите категории

Банките и Владата се договорија - Работник
30Kviews

Падна договор помеѓу банките и Владата за исплата на државната помош од 6,000 денари кои се наменети за ранливите категории на граѓани. Исплатата на оваа помош ќе започне откако Владата ќе ги достави обработените податоци за лицата кои ги исполнуваат условите за добивање на државаната помош.

Од Македонската банкарска асоцијација ги повикуваат граѓаните да се воздржат од посета на филијалите на банките се додека не објават дека исплатата на парите е започната.

Така ќе се намали опасноста од дополнително ширење на заразата. Инаку, вчера од владата информираа дека рокот за трошење на парите наменети за купување македонски производи е пролонгиран и наместо до 25 месецов граѓаните немаат конкретен датум до кога може да ги искористат тие средства. Препораката е да се потрошат до крајот на годинава се со цел вбризгување на нови средства во домашните компании.