Бектеши потврди: Минимална плата 22.500 денари
Време за читање помалку од минута
Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека од следната година, според законската пресметка, минималната плата ќе се зголеми од 20.000 на 25.000 денари.
„Најниската плата во земјава од март 2024 година минимум 22.500 денари! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година“, соопшти Бектеши на социјалните мрежи.
Претходно и вицепремиерот Фатмир Битиќи соопшти дека минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
Фото: Влада
Latest posts by Портал Работник (see all)