Светот на работникот

Бесплатен превоз и маски – Како Кина ги поддржува работниците?

   Време за читање 2 минути

Некои провинции во Кина ги повикуваат работниците да се вратат на работа за да ги спречат понатамошните економски загуби предизвикани од епидемијата на Коронавирусот.

Повеќе од половина од компаниите во провинцијата Жеџанг во Источна Кина продолжиле со работа после паузата, а главните сообраќајни правци повторно се отворени.

За да охрабри што е можно поголем број од вработените да се вратат на работните места, Владата на оваа провинција спровела мерки за поддршка на работниците во вид на бесплатни автобуси и возови посебно изнајмени за оваа прилика.

Главниот град на провницијата, Хангжу, организирал превоз со изнајмени возови за превоз на работниците од другите провинции како што се Гуједжо и Сичуан за да се вратат на работа што е можно поскоро.

Градот Хучжоу покренал постапка за основање на паричен фонд од најмалку од 100 милиони јуани за поддршка на луѓето кои веќе се приклучуваат кон услужната и градежната индустрија. Работниците ќе добијат и додатоци и награди.

Некои градови на дојденците им овозможуваат бесплатна вечера и сместување во траење до три дена.

Според статистичките податоци кое ги објавило одделението за човечки ресурски и социјално осигурување на провинцијата Жеџанг, 13,704 работници користеле услуги на специјални автобуси и возови од 16 февруари.

Во провинцијата Жеџанг немало потврдени случаи на Коронавирусот од 9 февруари, а четвртина од жупаниите и градовите во провинцијата се под мал ризик.

Во провинцијата Гуангдунг кој е втор економски центар, локалните власти гарантираат слични услуги за превоз и поддршка на работниците. На пример, градот Фошан ветил дека ќе обезбеди доволно маски за претпријатијата, отстранувајќи ја големата препрека помеѓу продолжувањето со работење и контрола на епидемијата.

Податоците кои ги објавила Светската здравствена организација покажуваат пад во потврдените случаи на вирусот во провнициите во Хубеи во период од две недели, а многу од компаниите повикале на постепено обновување на работењето за да се спречи економскиот пад.