ПравдаСветот на работникот

БМВ им наредил на 150 вработени да останат дома поради контакт со заболен од корона вирусот

   Време за читање 1 минута

БМВ им нареди на 150 негови работници во Минхен да седат дома во 14 дневен карантин, откако еден од нивните колеги бил позитивен на коронавирусот.

Вработениот кој бил позитивен на вирусот бил однесен во болница, откако посетил доктор во неделата. Тој е добар со оглед на околностите, рекле од БМВ.

Работникот не патувал во странство и работел во центарот за истражување и развој на авотомобилскиот произведувач. Тој бил во контакт со 150 други вработени.

Инфекцираните простории биле затоврени и дезинфекцирани и операциите продолжуваат без рестрикции, рекле од БМВ.

Германија вчера потврди најмалку 28 нови случаи на заразени од корона вирусот, зголемувајќи го бројот на заболени во Европа од 129 на 157, рекле од Институтот за контрола на болести Роберт Коч.

Познатите случаи на корона вирус досега во Германија не завршиле фатално. Надлежните органи не пријвиле смртни случаи повразни со вирусот.

Водофон потврдил дека еден од неговите германски работници бил заразен од вирусот.