„Брејнстер“ нуди студии кои може да се платат после вработување
Практичниот ИТ факултет „Бреинстер Некст колеџ“ (Brainster Next College), во новата уписна година на сите идни студенти им нуди поволност, која овозможува да ги платат студиите откако ќе се вработат.
Со оваа финансиска поволност, студентите можат да завршат без да платат буквално ништо. Со исплаќање на школарината започнуваат откако ќе дипломираат или ќе се вработат, на бескаматни рати.
Според генералниот менаџер на „Бреинстер Некст колеџ“, Александар Клашниновски, со ова им се овозможува на најдобрите матуранти, без разлика на финансиските можности, да добијат пристап до практично ИТ образование.
Од досега запишаните студенти, 58 отсто ја користат оваа финансика поволност.
Фокусот на студиите е на праксата, за да можат студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании.
Фото: Бреинстер Некст Колеџ
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025