ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Брнабиќ е уверена дека „Фиат“ останува во Србија

Премиерката Ана Брнабиќ е убедена дека „Фиат“ ќе остане во Србија и во следниот период, соопшти Сојузот на независни синдикати на Србија по состанокот во зградата на Владата на Србија.

Претседателот на Сојузот на независни синдикати на Србија, Љубисав Орбовиќ и претставници на синдикалната организација Фиат во Србија се сретнаа со премиерката Ана Брнабиќ, која е убедена дека Фиат ќе остане во Србија и во наредниот период, соопшти Синдикатот.

Според соопштението, премиерката Брнабиќ ова им го кажала на Орбовиќ и на претставниците на синдикалната организација „Фиат автомобили од Србија“, на чија иницијатива е свикан денешниот состанок.

Оваа информација може да ги намали тензиите кои последниве месеци постоеја меѓу вработените во фабриката во Крагуевац, велат од СССС.

Стравот за иднината и опстанокот на фабриката е оправдан со оглед на тоа што вработените годинава работеле само седум дена, додека, истовремено, работниците се поканети да работат во Словачка три месеци, велат од СССС.

На средбата во зградата на Владата на Србија присуствуваа и претседателот и заменик-претседателот на Синдикалната организација „Фиат автомобили на Србија“, Саша Ѓорѓевиќ и Иван Ристиќ.