МакедонијаСветот на работникот

Ристески во Штип – Во фокус активните мерки за вработување

Државна делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе престојува во Штип, каде ќе ја посети подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување.

Во посетата ќе учествуваат и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, како и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова.

Како што информираат од Општина Штип, за време на посетата ќе биде направен увид во апликациите доставени во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Воедно, ќе се разгледа и спроведувањето на мерките насочени кон отворање нови работни места, поддршка на самовработувањето и развојот на претприемачките иницијативи.

По завршувањето на посетата, предвидени се изјави за медиумите.