Мемов за ДВ: Државата ги гарантира пензиите
Дали пензиите се сигурни и што ќе се случи со Вториот пензиски столб во кој многу граѓани видоа шанса за штедење пари за подоцнежни години, е тема која намерно или ненамерно изби во јавноста.
Нема потреба за загриженост – пензиите се исплаќаат редовно и навремено секој први во месецот, вели за ДВ директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов. Тој додава дека државата ја гарантира исплатата на пензиите исто како и здравственото осигурување на пензионерите.
„Фондот на пензиското осигурување на С. Македонија прави распределба на средствата согласно член 69 од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и ги пренесува придонесите на членовите на задолжителните пензиски фондови на сметките на избраните задолжителни пензиски фондови во предвидените законски рокови. Налозите за транзициските трошоци кон пензиските друштва од вториот столб ПИОСМ ги испраќа до Министерството за финансии во рок од законските 5 денови. Исплатите по овие основи зависат од висината на средства обезбедени во буџетот на ПИОМ, а реализацијата на овие стапки во буџетот на Фондот за 2024 година изнесува 82,24 проценти за ФЗО и 92,95 проценти за Вториот столб”, изјави Мемов за ДВ.
Духовите во јавноста се разбрануваа по алузијата на гувернерот Славески дека парите од Вториот пензиски столб нема да завршат во посакуваните суми кај осигурениците кои ги издвојувале, а на тоа се надоврза и премиерот Мицкоски кој рече дека голем дел од корисниците на Вториот пензиски столб нема да бидат задоволни од тоа што ќе го видат на своите сметки.
Повеќе тука

