Наука

Ветерниците и сончевите панели произведуваат 10 проценти од светската електрична енергија

Ветерниците и сончевите панели произведуваат 10 проценти од светската електрична енергија - Работник
159views

Фармите со ветерници и сончевите панели произведоа 10 проценти од светската електрична енергија измерено во првата половина на 2020 година, додека производството на електрична енергија од јаглен се намалува, според извештајот во четвртокот.

Научниците предупредуваат дека се потребни поголеми намалувања на стакленичките гасови во енергетскиот сектор за да се ограничат климатските промени и нејзините негативни последици како што се поплавите, сушите и загубата на биодиверзитетот.

Производството на електрична енергија од фарми со ветерници и соларни панели се зголеми за 14 проценти во првата половина на 2020 година во однос на истиот период минатата година, додека 8,3 проценти помалку електрична енергија доаѓа од електрани со јаглен, се вели во извештајот на независниот центар за енергетика Ембер.

Севкупно, побарувачката за електрична енергија падна за 6 проценти во текот на првите шест месеци поради пандемијата од коронавирус, се вели во извештајот.

И покрај падот, електраните со јаглен се уште произведуваат 33 проценти од електричната енергија во светот.

Најголем процент на електрична енергија од обновливи извори има во Европа (21 процент) и Велика Британија (33 проценти). Кина е со 10 проценти, а САД 12 проценти. Производството на јаглен падна за 31 процент во САД, 32 отсто во Европа и само два отсто во Кина.

Во извештајот на Ембер се анализирале податоци од 48 држави кои сочинуваат 83% од вкупното производство на електрична енергија.

Извор: hr.n1info.com