МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО+ФОТО) КСС: Имаме нови докази за нерепрезентативноста на ССМ

Минатиот пат стигнаа документи дека еден од синдикатите на Сојузот на синдикати на Македонија, МЕСО е исклучен од ССМ, а воедно има и судска пресуда со којашто тој е исклучен. Поради која причина не постапило Министерството за труд и социјална политика не знаеме, но знаеме дека без тој синдикат ССМ нема репрезентативност, рече на денешната прес – конференција Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС Благоја Ралповски.

 

Во меѓувреме до КСС пристигнале дополнителни документи каде што има одлука за исклучување на синдикати од ССМ кои се четири на број и овие синдикати се исклучени во 2017 година. Тогашниот министер на 01.06.2017 година доставил решение до Централниот регистар каде што бара да се запишат гранските синдикати на ССМ. 

Ралповски го цитираше членот 5 од Законот за едношалтерски систем кој Ви го приложуваме како фотографија:

Потоа тој се повика и на член 13 од истиот Закон:

Ралповски истакна дека денеска КСС испратил дополнителни докази до Министерката за труд и социјална политика и бара да го прогласи за ништовно решението на Сојузот на синдикати на Македонија, затоа што, како што вели, е донесено со чиста манипулација и со фаслификати. И воедно Министерката да поведе постапка пред надлежните институции за фалсификат и манипулирање на Комисијата за утврдување на репрезентативноста, но и на целата јавноста. 

Тој посочи дека од Централниот регистар одбиваат да ги запишат и со тоа тие немаат правно дејство. 

Ралповски рече дека во тековната состојба во Централниот регистар на Конфедерацијата на слободни синдикати се запишани синдикати грански синдикати, додека во тековната на ССМ не се запишани.

Тековна состојба на КСС:

Тековна состојба на ССМ: