МакедонијаПравда

Владата ги стави во ќош мајките, бираат или децата или работата

Владата ги стави во ќош мајките - Работник
337views

Мајките кои беа на продолжено породилно отсуство поради КОВИД-19 алармираат дека немаат решение за тоа каде да ги остават нивните деца, а во градинка не им ги примаат. За ова организираа два протести, но Владата сепак одлучи да не попушта во оваа насока. Со ова решение владата мајките ги стави во позиција да одбираат помеѓу работата и децата.

Како резултат на оваа одлука на Владата според пишувањата во една од групите на социјалните мрежи 37 мајки вчера добиле отказ, а 120 мајки беа приморани да дадат отказ бидејќи децата не им ги примаат во градинка, а 76 мајки користат годишен одмор што го добиле од компаниите како законско право, како што пишуваат по социјалните мрежи.

Министерката за труд и социјална политика воопшто не земајќи ги во обзир барањата на мајките, ги гледаше со потсмев нивните барања, велејќи дека ако таа можела свооевремено да ги остави ќерките во градинка, можат и другите заборавајќи на тоа дека се соочуваме со пандемија.

Надлежните цело време убедуваа дека нема да настанат компликации и дополнителни проблеми за овие родители бидејќи како што велеа овие одлуки се носат со широки стручни консултации, а родителите имаат доволно време да ги системираат децата. Но, по се изгледа дека ваквата избрзана одлука им предизвика сериозни проблеми на мајките кои одат до степен на губење на работното место.