ВМРО – ДПМНЕ: Со антикризните мерки на СДСМ и Заев, економијата повеќе тоне, а граѓаните живеат се посиромашно
Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Даниела Колева
Очигледно е дека власта не спроведе никаква антикризни мерки кои ќе понудат помош на економијата како последица од корона кризата.
СДСМ брутално излажа дека до сега кај стопанството и кај граѓаните се вратени на 1.2 милијарди евра. Според пресметките и анализите до сега во овие 4 пакета на таканаречни антикризни мерки во економијата се вбризгани едвај 340 милини евра.
Најпрвин лажеа дека реализацијата достигнала над 1 милијарда, па сега 1.2 милијарди, а немаат реализација ни една третина од своите лаги.
Дел од мерките кои неспособната власт ги предложи до сега не ни се започнати, дел од мерките поминаа неславно, а дел власта ги искористи само за поткуп на гласачи за време на предвремените парламентарни избори.
Лажните ветување Заев и СДСМ им послужија само за пред избори, помош за стопанството нема, секојдневно фирми се затвораат и над 140 луѓе на ден ги губат своите работни места.
Граѓаните повеќе не веруваат на овие лаги на СДСМ и Заев.