ПравдаСветот на работникот

Во Албанија со Ковид-19 заразени 48, а излекувани 32 здравствени работници

Во Албанија - Работник
74views

По 9 март, кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19, во Албанија, од овој опасен вирус заразени се 48 здравствени работници, лекари и медицински техничари, при што 32 од нив се
излекувани.

Кога беше регистриран првиот случај на Ковид – 19 во Албанија, по 9 март, од вируост биле заразени 48 здравствени работници, притоа 32 од нив се излечени.

Од синоќа во карантин се 10 здравствени работници, пет лекари и исто толку медицински техничари од персоналот на Клиниката за трауматологија во Тирана.Ќе бидат тестирани по пет дена, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.

Тие имале контакт со лице повредено во сообраќајна несреќа што се случила во градот Драч пред три дена, а за кое во меѓувреме било потврдено дека е позитивно на Ковид-19.

Пациентот веднаш бил префрлен во Инфективната клиника и моментно е во стабилна здравствена состојба.

Со вчера последно соопштените податоци во земјата дијагностицирани со Ковид-19 се 446 лица, од нив 16 деца. Излекувани се 217, а починале 23 лица.