Во овие пет фирми за трговија со возила платите се над просечната

Самата трговија со автомобили асоцира на луксуз, а добрата вест е што во овие компании, каде што се вртат огромни профити, и вработените заработуваат добро.

Иако е криза, како што пишуваше порталот Пари (https://pari.com.mk/makedoncite-ne-shtedele-za-kupuvanje-nov-avtomomobil/), вработените кои се занимаваат со извоз и продажба на автомобили имале доста работа. Многу граѓани купиле нов автомобил, а со најмногу продажба може да се пофали Порше Македонија.

Државниот завод за статистика пресметува просечни плати за вработените во Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли, и статистичарите пресметале дека во оваа дејност во 2021 година просекот бил 29.904 денари. Но, најдарежливите компании во трговијата со возила давале плата над 50.000 денари.

Највисоки плати, над 58.000 денари, земале вработените во Миркат, застапникот на Сузуки, по што следуваат Порше Македонија и М Кар. Највисок скок на платите имало кај Авто Трејд, која во 2020 година во просек ја исплаќала минималната плата, односно нешто под 14.000 денари, а веќе следната, 2021 година, има скок на платите од 272 %. Според податоците на Пари, минатата година месечната плата на ТОП петте компании по плати во просек им изнесувала околу 53.500 денари.

Повеќе на Пари