Кочовски: За само 205 денови, под стечај паднале 118 фирми
Добро познати факти кои оваа Влада би сакала да ги заборавиме, а кои се однесуваат на нејзиното справување со пандемијата и економската криза во Република Македонија.
1. Од почетокот на вонредната состојба па се до завршувањето на Изборите 2020 ( 119 денови! ) , под стечај паднале 59 фирми. Најголем дел од нив се во Битола ( 15 ), Прилеп ( 11 ), Тетово ( 6 ) и Струга ( 5 ).
2. Од завршувањето на Изборите 2020 па се до денес ( 86 денови! ), под стечај паднале исто така 59 фирми. Најголем дел од нив се во Скопје ( 18 ), Битола ( 8 ) и Велес ( 6 ).
Или вкупно, за само 205 денови, под стечај паднале 118 фирми односно скоро секој втор ден фирма паѓала под стечај во Република Македонија.
#ФактиЗаНеспособностаНаСДС – пишува Бобан Кочовски на фејсбук.


