Во Хрватска масовно се бараат готвачи: Платите преку 4,500 евра? Се дигнала прашина околу еден оглас
И оваа година, пред започнувањето на сезоната, речиси сите во Хрватска бараат работници – особено на приморјето.
Угостителите често ветуваат нереални услови или нудат огромни плати за да привлечат работна сила, но според пишувањето на тамошните медиуми – еден оглас за работа особено паднал во очи.
Имено, на Фејсбук групата: Tražim – nudim posao – Hrvatska i EU‘, една корисничка го објавила следното: бара двајца готвачи и им нуди плата од 35,000 куни, односно околу 4,650 евра.
Понатаму, напишала дека работното време е од 8 до 10 часа, а обезбедени се и сместување и оброк во ресторанот. Потенцијалните готвачи ќе подготвуваат медитеранска и јапонска храна.
Некои од корисниците на мрежата не биле „благи“ во коментарите, но оваа шефица не им останала должна. Помеѓу другото, пишувало: „Ако даваш толкава плата тогаш колку ти заработуваш?“.
„Гледајте, без врска се натпреварувате со коментарите, објавив оглас, а вие што? Се натпреварувате во нешто? Доколку не се пронаоѓате во огласот, зошто воопшто коментирате? Ако сте изгорени од понудите и работодавачите зошто заедно не се соберете за да се жалите, наместо да ми го плукате огласот?“.
Коментарот на госпоѓата добил повеќе од 100 лајкови.
Што мислите за понудата?
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock, FB grupa/Tražim