НовостиПравдаСветот на работникот

Бесими: УЈП и цариниците немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати

   Време за читање 4 минути

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека нема официјална најава за генерален штрајк на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП). Тој смета дека ниту УЈП, ниту царинските службеници немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати. Воедно верува, како што рече, дека ситуацијата ќе се надмине.

Според Бесими, има закон за регулирање на правата и за тоа како се дефинира процедурата за штрајк.

Во однос на тоа дали ќе бидат зголемени платите во овие две институции, министерот уште еднаш го повтори владиниот став, дека земјава треба да има ефикасна, професионална јавна администрација и поради тоа, се бара одржливо системско решение кое ќе важи за сите.

Во однос на тоа што кажавте, најави, нема ништо официјално во документи како најави што беа пренесени. Има закон за регулирање на правата како се дефинира процедурата за штрајк. Во однос на исплата на плата и во однос на гранични премини, тоа не може да се случи. Мислам дека тука не е ниту намерата на УЈП, на вработените, ниту на царинските службеници да затворат гранични премини или да не исплатат плати. Нема официјално за тоа. Има закон за штрајк како се регулира. Во Законот точно се регулира дека синдикатите заедно со работодавачите утврдуваат начин како тоа ќе излезе. И тука мора да сме стриктни сите, во однос на почитување на законите, и во однос на почитувањето на правата – истакна Бесими, одговорајќи на новинарски прашања пред научната конференција „Забрзување на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ: клучни предизвици и приоритети“ во МАНУ.

Министерството за финансии, повтори Бесими, има разбирање за барањата на УЈП и Царинската управа, но тие, напомена, треба да бидат во рамките на законските прописи.

И тој процес е во тек. И во однос на имотната состојба, тоа е одговорност на сите што се во јавни функции и во јавниот сектор каде што се во рамките на прописите да и тој дел во имотната состојба и ветингот како општ процес важен за општеството се клучни во однос на интегритетот на институциите и мислам дека тоа прашање што со тек на време согласно законските прописи треба да се направи – рече Бесими.

Тој информира дека за платите интензивно се разговара со синдикатите преку економско-социјалниот дијалог, а комуникација има и со УЈП и со Царинската управа.

Со синдикатите разговараме да има еден предлог, разговараме за следните чекори – да биде системско решение, да важи за сите, да има постојана динамика на плати што го следи приватниот сектор, односно продуктивноста на економијата, а и тоа што се случува во однос на цените, инфлацијата со цел да имаме еден стандард и одржливо решение кое ќе важи за сите. Имаме комуникација и со УЈП и Царинската управа, но тоа се две различни работи. Таму имаме процес каде што има многу закони во однос УЈП и во однос на методологијата што се води со синдикатите. Методологијата е една што ќе важи за сите. Во однос на овие две институции, таму се регулираат и други прашања кои се во областа на законите, УЈП, Царинската управа. На нас, како ресорно Министерство, ни е важно институциите да функционираат, вработените да бидат професионални. Имаме разбирање за нивните барања, но исто тоа што го гледаме, го следиме од аспект на прашања што значат одржливи решенија. Мислам дека тоа ќе се надмине – потенцира Бесими.