„Како да им тргнале тепихот од под нозе“ Што ако работодавачот побара од вас да се вратите во канцеларија?
Ако претходните три години работите од дома или имате флексибилно работно време, потполно е јасно вашето незадоволство кога преку меил ќе ви соопштат дека „треба да се вратите во канцеларија“.
„Ако им ја земете флексибилноста на вработените без никаква причина, тие нема да го даваат својот максимум и можеби ќе ја изгубат довербата во вас“, вели Кејтлин Дуфи, директорка за човечки ресурси во една консултанска компанија.
Директорот за истражувања и стратегии за унапредување на работните места во компанијата „Галуп“ истакнал дека вработените се чувствуваат како некој да им го „повлекол тепихот под нозете“.
„Во моментот кога очекуваат поголема флексибилност од онаа која новата политика на работење им ја нуди, менаџерите бараат од нив да се вратат во канцеларија“.
Жалете се или откажете се
Како што пишува CNN, вработените во вакви ситуации често се борат со дилемата: да се жалат или да се откажат?
Тренерот за кариера Октавиа Гордема предлага малку да размислите пред да одлучите.
Наведува дека би требало да се размисли за две работи:
- „Прво, што би било во најдобар интерес за вас и вашето семејство и
- Второ, дали можете да му објасните на менаџерот на вашата компанија зошто за двете страни е подобро да продолжите да работите флексибилно?
Доколку не сакате да дадете отказ, разговарајте со вашиот менаџер. Тој или таа ќе имаат најмногу слух за тоа кои ваши одговорности можат да се завршат од дома, а кои од канцеларија.
Исто така, менаџерот може да знае колку слобода ќе има секој оддел во компанијата во примената на новата политика.
Со овие информации, можете да направите понуда која би ѝ одговарала и на едната и на другата страна.
„Како и за се друго, најпаметно е да се биде оној кој ги решава проблемите. Нека биде позитивен разговорот“, вели тренерот.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

