Нов договор за вработување наместо отказ
Нов договор за вработување наместо отказ
Се почеста практика станува понудата на нов договор за вработување наместо отпуштање на работникот. Голем дел од работодавачите непосредно пред да го откажат договорот за вработување на работникот, тие истовремено му предлагаат склучување на нов променет договор за вработување.
Во овој случај работникот има право во рок од 15 дена да се изјасни во однос на тоа дали го прифаќа новиот променет договор за вработување, од денот кога ја примил понудата за истиот.
Кога работникот ќе го одбие овој променет договор за вработување, нема право на отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување. Иако работникот и понатаму го задржува правото да ја оспорува одлуката за промена на договорот за вработување пред надлежниот суд.
Тимот на Јуридика

