ПравдаСветот на работникот

Вработените во „Жито Прилеп“ почнаа со штрајк, не зеле плата два месеца

Вработените во „Жито Прилеп“ - Работник
124views

Околу 100 вработени во „Жито Прилеп“ од денеска штрајкуваат и го запреа производството на основниот прехранбен продукт зашто немаат земено плата за февруари и за март, ниту пак има навестување за тоа од сопственикот кој е во САД. Вработените се собраа во дворот на фабриката и, иако изразуваат жалење дека градот пред Велигден ќе го остават без доволно леб, сепак, велат немаат друг излез.

Според технологот Лазо Ристески, сопственикот пред 10 дена го информирале писмено со потписи на сите вработени и со предупредување дека ако не исплати плата за три дена ќе го стопираат производството. Но досега нема никакво навестување.

Повеќе прочитајте на pressing tv.mk