ЗанимливостиНаука

ВРЕМЕ Е за детоксикација! Еве 10 лесни начини

ВРЕМЕ Е за детоксикација! Еве 10 лесни начини - Работник
265views

Има луѓе кои тврдат дека човек не треба да го детоксира своето тело. Ова тврдење е најмалку застрашувачки, со оглед дека не можеме да постоиме без детоксикацијата, која се случува најнапред во самите нас преку белите дробови, цревата, црниот дроб, бубрезите, лимфниот систем и т.н. Човечкиот организам во неговите основни процеси е самото прочистување, дури и човекот ако не го прави на свесно ниво. 

Некои од факторите за лошата здравствена состојба кај човекот се загадениот воздух, водата, храната но често токсини во телото се присутни и преку психичко загадување. Доколку веќе знаеме дека навистина е потребна детоксикација со цел да биде подобрена здравствената состојба кај човекот, тогаш добро е да се знаат овие едноставни начини за прочистување на затруениот човечки организам. 

1. Јадете богати со пектин органски јаболка. Пектинот се поврзува со токсините во цревата и помага за исфрлање од организмот.

2. Пијте свежо исцеден сок секој ден. Мраз, замрзнато овошје и неколку грстови зеленолистните зеленчук во блендер и сме подготвени!

3. Пијте по една голема чаша вода со свежо исцеден половина лимон. Лимонска киселина содржи 20 соединенија кои докажано се борат против ракот.

4. Јадете боровинки секој ден. Богати се со антоциани и ги намалуваат воспаленијата во телото и мозокот, како и што ги намалуваат алергиските реакции и помагаат за симнувањето на вишокот килограми.

5. Дишете длабоко. Кислородот ги убива бактериите и вирусите и го исполнува организмот со енергија.

6. Смејте се. Не без причина луѓето рекле дека смеењето е најдобриот лек. Во најмала рака ќе ја намалите „тежината“ на стресот, кој го носите на грб. Јадете куркума секојдневно. Јадете дневно барем три од овие силни детоксификатори: брокула, лук, спанаќ, зелка, боровинки и ѓумбир.

7. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук. Тие содржат ензими кои го олеснуваат варењето и ја подобруваат апсорпцијата на хранливите материи.

8. Сменете ги хемиските препарати за чистење на домот со еколошки. Ако во содржината присуствуваат формалдехид, хлорин, нафтени производи, подобро испробајте ги старите домашни рецепти со сода, оцет или масло од портокал.

9. Пијте доволно вода за да може преку урината да се исфрлаат токсините од вашето тело. Секој процес во организмот зависи од правилната хидратација.

10. Одделете дневно барем по 30 минути за физичко оптоварување. Потењето е многу добар начин да го прочисти вашето тело од токсините и дури од тешки метали.