ЕкономијаМакедонијаНовости

Второ тромесечје по ред Македонија бележи странски инвестиции

Лазаров: Не може да градиме економија - Работник
85views

ВТОР КВАРТАЛ ПО РЕД МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ НЕТО-ОДЛИВ НА СДИ!

Во вториот квартал од 2020 година беше забележан нето-одлив на странски инвестиции од -9.3 милиони евра, додека во третиот квартал нето-одлдив од -5.4 милиони евра, или вкупно во последните два квартали од почетокот на кризата -14.7 милиони евра нето-одлив на СДИ.

И веднаш си го поставувате прашањето, па добро нели е ова логично во услови кога сите земји (вклучувајќи ги и оние од регионот) се соочуваат со криза?
Но, работите се сосема поинакви!

Имено, податоците за Бугарија покажуваат прилив на СДИ во вториот квартал од годината од 143 милиони евра, додека цели 465 милиони евра во третиот квартал, или вкупно 638 милиони евра во последните два кваратали од 2020 година.
Србија во истиот период бележи уште поголем прилив на СДИ. Имено, во вториот квартал е забележан прилив од 650 милиони евра, додека 277 милиони евра во третиот квартал, што значи 930 милиони евра прилив на СДИ во периодот од почетокот на кризата.

И секако второто логично прашање кое ќе си го поставите. Па добро нели ние сме членки на НАТО, а Србија не е? Нели НАТО значи повеќе странски инвестиции?
Но, одговорот е дека не е до кризата и НАТО, сигурно нешто има и во водењето на добри/вистински и лоши/погрешни економски политики.

Advertisement