Германската комора: Не мора да одите во Германија, тука работиме по германски стандарди
Во 2015 година, „Маркарт“ ја отвори својата фабрика во Велес, каде што се произведуваат автомобилски делови за „Aуди“, „Meрцедес“, „БМВ“, „Oпел“, „Шкода“, „Порше“, „ЛЏ“. Компанијата вработува 840 луѓе и за десет години работење во земјата инвестирала 76,5 милиони евра
Петнаесет компании се партнери на АХК Северна Македонија во програмата за дуално стручно образование по германски терк. Една од нив е германската инвестиција „Маркарт Македонија“, која успешно ја гради својата приказна една деценија во Велес.
– Компанијата произведува ултрамодерни компоненти за врвни брендови на автомобили, производството е на највисоко технолошко ниво и во голема мера роботизирано. Целата фабрика и административна зграда се направени по сите највисоки стандарди, оваа германска инвестиција е одличен пример дека и во Северна Македонија може да се работи на атрактивни работни позиции – вели Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово.
Според Ванделт, на јавноста, а пред сè на младите што се подготвуваат за пазарот на трудот, но и на нивните родители, сакаат да им ја пренесат пораката дека и дома може да се работи по германски стандарди, условите за работа се како во компаниите во Германија, каде што има грижа за вработените, и притоа тие имаат можност да градат кариера и да напредуваат.
– Знам дека многу млади луѓе во Северна Македонија сонуваат да одат во Германија , без да имаат реална слика за тоа што ги очекува таму и без воопшто да му дадат шанса на македонскиот пазар на труд или воопшто да истражат какви атрактивни можности за професионален развој можат да најдат во својата земја. Одличен пример за добри работодавачи се германските инвеститори, еден од нив е и компанијата „Маркарт Македонија“ – порача Ванделт.
Куриозитетна е информацијата дека неделно во фабриката на Маркарт во Велес се произведуваат по 5.000 менувачи со Сваровски кристали за луксузната гама автомобили на БМВ. Од раководството открија и дека од Македонија имаат нарачки за вакви менувачи.
Во 2015 година, „Маркарт“ ја отвори својата фабрика во Велес, каде што се произведуваат автомобилски делови за „Aуди“, „Meрцедес“, „БМВ“, „Oпел“, „Шкода“, „Порше“, „ЛЏ“. Компанијата вработува 840 луѓе и за десет години работење во земјата инвестирала 76,5 милиони евра.
Фото: „Маркарт“
- ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни - 04/11/2024
- Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот - 04/11/2024
- ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор - 01/11/2024