Занимливости

Годишнина од слетувањето на Месечината: Теорија за тоа како Тито им ја продал вселенската програма на Американците

Тито и документарецот „Хјустон, имаме проблем“ - Работник
197views

Според авторите на овој документарец, САД дознале за „Југословенската Вселенска Програма“ кон крајот на 60-тите, додека во март 1961 година Југославија ја продала целата програма на Американците.

Митот понекогаш е поголем од реалноста, денес е годишнината од вселенската мисија „Аполо 11“ што ги однесе првите луѓе на Месечината на 20 јули 1969 година. Ние ви ја раскажуваме содржината од документарецот на HBO „Хјустон, имаме проблем!“, поточно псевдо-документарната комедија, која раскажува за тоа како Тито некогаш ја продал „Југословенската Вселенска Програма“ на американската НАСА.

Словенски режисер Жига Вирк ја прикажува приказната за југословенскиот мит, но и за реалноста. Првата регионална копродукција на HBO во 2016 година изработи документарец за Тито кој успеа да ги измами Американците дека Југославија поседувала високо развиена вселенска програма, пишува Кликс. Поради очајната потреба на Американците да се израмнат со Русите и нивната тогашна доминација во вселенските програми, Џон Ф. Кенеди поверувал во фантастиката и наводно купил вселенска програма во вредност од денешни 50 милијарди американски долари.

Периодот од шеесеттите години беше обележан со Студената војна и обидите за слетување на Месечината, но и со бројни теории на заговор, меѓу кои беше и смртта на најголемата холивудска ѕвезда на сите времиња, Мерилин Монро. Во овој документарец „Хјустон, имаме проблем!“ се истражува за тајна зделка вредна милијарди долари, преку која Тито би избегнал банкрот кој се заканувал на тогашната Југославија.

Сепак, еден инженер на југословенската вселенска програма одлучи да зборува за целиот случај. Смртта на Иван Павиќ (Божидар Смиjаниќ) била исценирана за да може да продолжи да работи за НАСА, а неговото враќање во Паг во Хрватска е всушност фикција во филмот изведен со помош на актери.

Делото на неприкосновениот владетел кој го разви својот авторитет во поранешна држава до степен на култ на својата личност, најдобро го илустрира цигарата што тој ја пушеше во Белата куќа што е надвор од сите протоколи, па затоа и е можно тој да успеал да ја измами најмоќната нација во светот, на чело со Џон. Ф. Кенеди. Југославија поседуваше нуклеарна програма, така што не беше исклучена можноста Тито да се стреми кон космички висини познавајќи ги неговите амбиции. Филмот зборува за тоа како Американците ја купиле вселенската програма, ја транспортирале целосната документација во тајност, но таа програма на крајот едноставно не била функционална.

Тито „Хјустон имаме проблем“ – Работник

Лагата повторена сто пати станува вистина.

Вистина или мит, тоа веќе не е толку важно уште на самиот почеток на филмот, поточно од моментот кога се појаваува словенскиот филозоф Славој Жижек, кој претставува метафорична приказна за тоа како децата и родителите заедно создаваат лага за постоењето на Дедо Мраз. Децата знаат дека он не постои, тие се преправаат дека се изненадени од пакетите под елката, а родителите се среќни кога ги гледаат своите деца како ги отвараат новогодишните подароци. Двајцата знаат дека тоа не е точно, но со взаемно дејствување, митот се одржува и се пренесува низ генерациите. Според режисерот Вирк, неговата намера била да раскаже приказна која лесно се пие – се разбира за подемот и падот на Југославија, а наводното распаѓање на државата се случило како одмазда од ЦИА за измама во продажбата.

Југословенската вселенска програма наводно била мотив за изградба на подземен објект 505 на „Жељава“ кај Бихаќ, еден од најголемите подземни аеродроми во Европа. Филмот изобилува со мноштво архивски снимки, кои се комбинирани со факти од сегашноста. Многу е интересно да се види бродот на Тито „Галеб“ во полн сјај од шеесеттите години и да се спореди со сегашните пропаднати остатоци од истиот брод прикотвен на пристаништето во Ријека.

„Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Меѓу снимките е и посетата на Тито во Њујорк во 1963 година, кога тој го преживеал атентатот. Потоа, има документарна снимка на Тито и Јованка како гледаат телевизиски пренос на слетувањето на Месечината, на 20 јули 1969 година. 

Аполо 11 беше вселенска мисија која според официалните извештаи ги однесе првите луѓе на месечината – Нил Алден Амстронг и „Буз“ Алдрин, и доколку вселенската програма на Тито „функционираше“, можеби (следниот ироничен тон на филмот на Вирц) ќе биде прикован на површината на Месечината, веднаш до американското и југословенското знаме.

Извор: Телеграф