Големиот германски синџир на ресторани поднесе барање за стечај
Германскиот синџир на ресторани „Сосалитос“, познат по одличните коктели и храната Текс-Мекс, поднесе барање за стечај. И покрај финансиските проблеми, компанијата најави дека сите ресторани во сопственост на компанијата ќе останат отворени, а платите за околу 1.000 вработени ќе бидат исплатени до крајот на мај, пишува магазинот Феникс.
Според одлуката на Окружниот суд во Минхен, поднесено е барање за стечај за неколку компании во групацијата. Партнерите кои ја поседуваат франшизата за ресторани не се директно засегнати од стечајот.
-Нашата цел е да продолжиме да работиме и да најдеме инвеститор за „Сосалитос“ како системски гастрономски концепт – рече Шустер во врска со банкротот на ресторанската компанија.
Компанијата ги наведува последиците од пандемијата како главни причини за нејзините финансиски тешкотии. Промените во однесувањето на потрошувачите, намалениот број посетители и општиот пад на приходите и профитабилноста поради економската ситуација во Германија особено влијаеле на „гастрономијата ориентирана кон пијалаци“.
Меѓународно признатиот бренд „Сосалитос“ е основан во 1994 година од Томас Хиршбергер во Инголштад, а во 2014 година го продаде синџирот на инвеститори, пренесува Пословни дневник.
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV