МакедонијаНовостиСиндикат

ДАВАЊЕ ПОЈАСНУВАЊЕ ВО ВРСКА СО СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ НАД 32 ЧАСА

   Време за читање 1 минута

ДАВАЊЕ ПОЈАСНУВАЊЕ ВО ВРСКА СО СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ НАД 32 ЧАСА❗

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ уште на 11.05.2022 година доби решение од Уставниот суд на Република Македонија каде претходно по поднесена претставка беа оспорени одредбите од член 171 од Колективниот договор на МВР .

Притоа во самото решение на Уставниот суд доставено до нас е наведено дека НЕ СЕ ПОВЕДУВА ПОСТАПКА од причини што МПС како РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ ДАЛ СОГЛАСНОСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ за примената на спорниот член 171 од КД на МВР….цитираме…

“Ваквиот пристап на страните кои го склучиле Колективниот договор – Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат е определено договорно балансирано нормативно решение, каде до 32 часа месечно вонредна работа работникот има право на избор да му се исплати вонреден работен додаток или да му се дадат на користење слободни денови, а од друга страна договорните страни уредиле за прекувремената работа за деновите над 32 часа во месецот, исклучиво да се определуваат слободни денови за користење на работникот, без право на избор како претходното (до 32 часа), е всушност согласност на работниците застапувани преку синдикатот за остварување на комбиниран облик на права кои произлегуваат од прекувремената работа во Министерството за внатрешни работи, соодветно на специфичностите во работниот процес на работа и надлежностите на ова министерство, за што има законски основ за нивно меѓусебно договорно усогласување по предметните прашања.”

НАШЕТО БАРАЊЕ Е РАБОТНИКОТ ВИШОКОТ ЧАСОВИ НАД 32 ЧАСА ДА МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ КАКО СЛОБОДНИ ДЕНОВИ ИСКЛУЧИВО ПО НЕГОВО ПИСМЕНО БАРАЊЕ ‼️‼️‼️

Повеќе подолу во линкот од решението на Уставниот суд 👇👇👇