Дали студентите можат да бидат вработени без да ги загубат студентските поволности?
Универзитетското студентско собрание изготви документ со наслов: „Дали студентите можат да бидат вработени без да загубат статус и студентски поволности?“.
„Овој документ ја разјаснува законската рамка и практичните аспекти за студентите кои се вработуваат додека студираат, вклучувајќи ги нивните права на студентски оброк, превоз, домување и стипендија“, велат од таму.
Документот има за цел да ги информира студентите, факултетите, институциите и работодавачите за нивните права и обврски, елиминирајќи ги дезинформациите кои често кружат во јавноста, појаснуваат од студентското собрание.

