- Advertisement -
НовостиПравда

Дали тоа што е забрането за граѓаните, треба да биде дозволено за пратениците?

Дали тоа што е забрането за граѓаните - Работник
151views

Целосно изолирани и во скафандери, се појавија во Собранието да обезбедат кворум. Бисера Костадиновска – Стојчевска и Мирослав Богдановски – двајцата пратеници на СДСМ позитивни на Ковид 19, излегоа од изолацијата и гласаа за петтиот пакет економски мерки.

Своето присуство Костадиновска Стојчевска претходно го најави на ФБ.

Advertisement

„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот”, напиша пратеничката.

Најавата се оствари. Со приватно возило на Итна помош, за кое од партијата соопштија дека самата го платила, Костадиновска Стојчевска пристигна навреме за почетокот на седницата.

Advertisement
Advertisement

Двајцата пратеници беа изолирани за времетраењето на седницата во посебни кабини. Оттаму го дадоа својот гласаа за точките од 32 и 36 седница.

Според постоечките здравствени протоколи, лице кое е позитивно на коронавирусот треба да биде во строга изолација. Од обвинителството за Сител највувуваат дека случајот со позитивните пратеници ќе биде разгледуван.

“Обвинителството ќе постапува како и во сите случаи досега, доколку граѓанинот кој е во изолација нема дозвола за напуштање на домот од надлежните органи”

Дали се прекршени протоколите, одговор не добивме од претседателот на Комисија за заразни болести Жарко Караџовски, а од Државниот здравствен и санитарен инспекторат ни посочија дека се задолжени само за издавање на решенија за изолација.

Затоа пак, за граѓаните нема дилеми. Законот велат треба да важи за сите.

Advertisement