- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Денеска започнува исплатата на мартовските пензии

Компаниите ќе можат да аплицираа - Работник
180views

Од денеска започнува исплатата на мартовските пензии. Владата ги задолжи банките исплата да ја организираат во четири групи. Пензионерите кои земаат најниска пензија ќе земаат први, оние со највисоки се во последната група.

Банките готовинската исплата на пензии ја организираа во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).