Димитриевски: Директорка во Куманово ги повикувала вработените да одат во Крушево, СДСМ ги користи методите на Груевски

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 откри дека директорка во Куманово ги повикувала вработените да одат во Крушево на 2-ри август.

„На Крушево сум одел со задоволство, не по список или со неколку телефонски јавувања од страна на моите претпоставени на работа или во политичка партија. Еве имате директорка во Куманово на една институција која што лично им се има јавено на сите вработени на тој настан. Половина од нив не сакале, што сакате, мислите дека тие ви се приврзаници?“, вели Димитриевски.

Според Димитриевски, СДСМ ги користело методите на поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.