- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Димитров со апел кон пратениците: Голем број на работници ќе останат без работа ако не се донесе помошта

Димитров: Доколку не се донесе седми пакет мерки - Работник
970views

Дека текстилната индустрија е се уште значајна гранка за оваа држава зборуваат статискитчките податоци за индустриско производство каде учествува со 12,2 % во вкупното индустриско производство, вработува околу 37,000 работници и учествува со над 10 % во вкупниот извоз на Р. Македонија, рече на денешната прес – конференција Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индистрија при Стопанската комора на Северна Македонија Ангел Димитров.

„Бројките споредени со претходниот период покажуваат дека има одреден пад кој беше и од порано, од 2015 година, но сега, поради проблемите предизвикани од Ковид – 19 тој пад е позначителен. Така да индустријата на облека и текстил во 2020 година, во однос на 2019 година, има намалување на индустриското производство за 14 % и тој пад во јануари 2021, во однос на јануари 2020 е 21, 3, што зборува дека далеку сме од тоа дека состојбите предизвикани од Ковид – 19 во текстилот се решени, туку од јануари наваму имаме значително влошување на таа состојба“, рече Димитров.

Тој истакна дека индустриското производство во текстилот и кожарството во 2020, во однос на 2015 година, е намалено за 31,2 %. 

Ова се рефлектира и на намалениот извоз, вели Димитров, така да овие две гранки текстил – облека и кожарски производи, во 2020 година, имаат остварен извоз, намален за 493 милиони евра или за 10,6 % помалку во споредба со претходната година. 

Димитров подвлече дека истите состојби се рефлектираат и на вработените, така во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, во секторот облека има намалување на вработените за 5,4 %. Ако се земат податоците од јануари 2021 година со просекот од 2015 година, во индустријата на облека, бројот на вработени е намален за 25,1 %, а во кожарската индустрија дури 55,4 %. 

Факт е дека овие две гранки изгубија две производни и продажни сезони во 2020 година, бидејќи коронавирусот се појавил во Македонија во март месец, но подоцна и во државите од Западна Европа, односно трговските партнери во овие две гранки, поради што многу од компаниите биле принудени готовите производи да ги чуваат во магацините, но и да изнајмуваат дополнителни магацини, рече Димитров. 

Тој посочи дека освен производството на работна облека, модната облека речиси и запрела со производство поради ковид кризата.

„Голем број на наши конфекции немаат работа или работат со многу мали капацитети и тоа предизвикува големо разочарување и неизвесност за идната судбина“, истакна Димитров.

Димитров рече дека пратениците треба да ги остават политичките интереси на страна, бидејќи тука се работи за работни места коишто можат да бидат изгубени и предупреди дека доколку не се донесе Законот за финансиска поддршка на компаниите, 20 % од работниците ќе останат без работа, а со тоа постои и голем ризик голем дел од нив да бидат и социјални случаи. 

Истакна дека има информација дека Законот за финансиска поддршка од петтиот сет мерки ќе се стави на дневен ред во Собранието на 23 март и упати апел во преодните и завршните одредби на законот да се земат во предвид одложување на рокот за аплицирање на државната помош и за поднесување на исправка на МПИН образец за февруари 2021 година, за да може компаниите да конкурираат и да им се одобри потребната финансика поддршка.

Во 2020 година, како последица на корона кризата, 3,000 работници од текстилната индустрија ги изгубиле своите работни места.

Бобан Илијевски