Донацијата од 80.000 евра од АВМУ за ИРЛ предизвика реакции, новинарските здруженија бараат фонд за медиумски плурализам
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) без распишан конкурс и без претходна слична практика додели донација од пет милиони денари, односно 80.000 евра за медиумската непрофитна организација „Истражувачка репортерска лабораторија“ (ИРЛ), со цел, како што соопштија „да ги поддржат критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и да им помогнат да носат информирани одлуки“, а оваа одлука деновове предизвика реакција од сите медиумски здруженија во земјава, без исклучок. Здружението на новинари (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поддржаа одлуката и побараа праксата да продолжи и да се основа фонд за медиуми, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) апелираше да се дискутира повеќе за финансирањето на медиумите со пари од даночните обврзници, Македонската асоцијација на новинари (МАН) саркастично ги повика сите медиуми веднаш да побараат донација од АВМУ, а здружението „Онлајнмедиа“ ја повика АВМУ да ја запре натамошната постапка.
Повеќе на Слободен печат
- Наполнила 65 години, родила пет деца, но останала без пензија: Хрватскиот закон не ја признава грижата за деца како работен стаж - 12/06/2025
- И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите - 12/06/2025
- Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар - 12/06/2025