Дури 10.000 работници ќе бидат отпуштени! Познатата компанија прави сериозни намалувања
Јапонската компанија „Панасоник“ денес објави дека во текот на тековната фискална година ќе отпушти 10.000 вработени, по 5.000 во Јапонија и во странство, со цел да се запре падот на профитот преку реструктуирање и пренасочување на работењето кон области со повисок раст.
– Ќе го забрзаме преминот кон попрофитабилни сектори, ќе се потпреме на напредни технологии за вештачка интелигенција и ќе се фокусираме на сегменти што носат раст – се наведува во официјалното соопштение на компанијата од Осака.
„Панасоник“ изјави дека трошоците за структурализација во фискалната година до март 2026 година ќе изнесуваат околу 130 милијарди јени, односно 895 милиони долари, според „Блумберг“.
Секторите за индустриски апарати и телевизори, кои бележат низок раст, ќе бидат најпогодени, бидејќи компанијата планира значително да ги намали, па дури и да затвори некои од нив.
„Панасоник“ е еден од клучните партнери на американската компанија „Тесла“ на која ѝ испорачува батерии за електрични автомобили, но промената на приоритетите јасно покажува дека јапонската компанија бара постабилни извори на приход и поголема оперативна ефикасност.
Како што беше најавено уште во февруари, „Панасоник“ има за цел поврат на капиталот (ROE) од најмалку 10 проценти до фискалната 2029 година.
Ројтерс ги цитира пазарните аналитичари кои велат дека намалувањето на работните места ќе помогне во намалувањето на трошоците на краток рок, но дека долгорочното закрепнување зависи од успехот во новите технологии, особено во вештачката интелигенција и зелената енергија.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025