- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Единствено СУДСКИТЕ ПОЛИЦАЦАЈЦИ не земаат додаток за ризик во Кривичниот суд во Скопје

Единствено СУДСКИТЕ ПОЛИЦАЦАЈЦИ - Работник
180views

Голготата на судските полицајци трае многу одамна. Тие се сочуваат со доста проблеми, но двата најголеми се немањето на бенефициран стаж и не исплаќањето на додаток на плата за изложеност на ризик.

Претседателот на синдикалната организација на Правосудство при САДУ ни достави известување коешто до Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев е испратено уште на 20.09.2020 година.

Од синдикалната организација во известувањето наведуваат постојат неправилности во однос на неприменување на Законот за судска служба (Сл. Весник на РМ бр. 43/2014), член 3, став 3, во којшто стои дека: „Судската полиција е служба која ги обезбедува објектите, имотот и лицата и го одржува редот во судскиот простор. Судската полиција правата од работен однос ги остваруваат согласно со овој закон, Законот за судовиte, колективните договори и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос“.

Во известувањето стои дека судската полиција прават ги остварува согласно овој Закон, Законот за судовите, Колективните договори и другите прописи (уредби и правилници). Наведуваат дека правото коешто не се исполнува е исплатата на Ризик при работа.

„Во исклучителната компонента на платата на припадниците на судската полиција од актуелниот Закон за судска служба во член 129, став 2, точка 3, додаток на плата за посебни услови за работа претставува и Работа ИЗЛОЖЕНА НА ВИСОК РИЗИК, право предвидено со Законот кое не се исплаќа десет години“, стои во известувањето на синдикалната организација на Правосудство до Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Понатаму, во него наведуваат дека илузорно е да се зборува дали во работата на судските полицајци постои ризик. Работата под стрес како компонента на ризикот е секојдневие во работата на судските полицајци во Кривичниот суд во Скопје.

„Заканите по безбедноста на животот и телото на припадниците на судската полиција во Кривичниот суд, на нивното семејство, на имотот, како и на нивото лично и професионално достоинство, е начинот на живот на судските полицајци од кривичниот суд во Скопје со години наназад. Додека сите други вработени во судот земаат додаток за ризик, за судските полицајци додаток на плата за изложеност на ризик нема“, стои во известувањето.

Продолжува..

Бобан Илијевски

Advertisement
Advertisement