„Кој ти рече дека смееш да јадеш?“ Келнери откриле какви гости паметат со години
Од гости кои доаѓаат пет минути пред затворање до оние кои прават инциденти и ги уништуваат локалите – келнерите ги споделиле најшокантните искуства од угостителството.
Додека поголемиот дел од луѓето одењето во кафуле или ресторан го доживуваат како шанса за опуштање, за келнерите секоја смена носи десеттина непредвидени ситуации. Поголемиот дел од гостите се коректни и љубезни, но постојат и такви кои угостителските работници ги паметат со години.
Во голема расправа на социјалните мрежи, келнерите ги споделиле најнепријатните искуства кои ги доживеале во текот на работата. Некои приказни ги насмеале корсниците на интерентот, но многу покажале колку оваа работа може да биде стресна и исцрпувачка, пренесува Dnevno.
„Ме пцуеја поради пивото, а потоа еден му поврати на газдата во лице“
Една келнерка опишала настан кој толку ја вознемирил што набрзо после тоа дала отказ.
Пред самото затворање на локалот влегле двајца пијани мажи и нарачале пиво. Кога им го донела тоа што локалот го имал во понудата, започнале да ја навредуваат и пцујат бидејќи во прашање било српско пиво.
Го повикала сопственикот на локалот за да ја смири ситуацијата, но работите набрзо излегле од контрола.
Додека газдата се обидувал мирно да ги замоли да си одат дома бидејќи локалот се затвора, еден од гостите од никаде му повратил директно во лице.
Како да тоа не било доволно, додека излегувал од локалот побарал марамици.
„После тоа издржав уште два дена и дадов отказ“, напишала келнерката.
Поради ситни пари го демолирал цел локал
Друга работничка се присетила на уште подраматичен настан.
Како што наведува, еден локален гостин бил познат по наглите промени на расположението. Еден ден помислил дека нејзината колешка го измамила за ситен износ на пари.
По кратката расправа отишол дома, зел бејзбол палка и се вратил да го демолира кафулето.
Во тој момент внатре биле вработените, неколку гости и мало дете.
„Сите истрчавме надвор и чекавме да престане. Никој не повикал полиција бидејќи луѓето се плашеа од одмазда“, раскажала таа.
Недолго после тој инцидент одлучила да ја промени работата.
„Кој ти рече дека смееш да јадеш додека работиш?“
Особено големо внимание привлекла приказната на една келнерка која во текот на кратката пауза седнала да јаде откако послужила цела градина со гости.
Тогаш еден гостин неколку пати ја повикал со пукање на прстите.
Прво побарал кафе, потоа пијалак, па чаша вода. Откако добил сѐ, ѝ поставил прашање кое ја извадило од такт.
„Кој ти рече дека смееш да јадеш додека работиш?“
Како што вели, тогаш трпението ѝ било при крај.
Гостинот на крајот ја платил сметката, оставил бакшш и повеќе никогаш не се појавил во тој локал.
Гости кои најмногу ги нервираат келнерите
Иако приказните за агресивни и непристојни муштерии предизвикале најмногу внимание, многу келнери се согласиле дека постои една група на гости кои речиси сите тешко ги поднесуваат.
Тоа се луѓето кои доѓаат неколку минути пред затворање и тогаш нарачуваат пијалаци или напитоци за кои е потребно повеќе време за подготовка.
„Работев како келнер пет години и таквите гости се најтешки“, напишал еден корисник.
Работа која бара многу повеќе трпение од што се гледа
Зад насмевката која гостите ја гледаат често се кријат часови напорна работа, стоење, брзање и решавање на непредвидени ситуации.
Поради тоа многу келнери порачуваат дека почитувањето, трпението и основната култура често се поважни од било кој бакшиш.
Бидејќи еден убав збро може да ја поправи целата смена, додека еден непријатен гостин може да остане во сеќавање со години.
Извор: Bizportal.rs

