- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Економските експерти предупредуваат: Доцнењето на Собранието им штети на фирмите, ова е несериозно

Видови права - Работник
133views

Негрижата на политичките елити дополнително ја комплицира состојбата во економијата. Експерите велат дека денешната одлука на спикерот Џафери да не закажува седници додека не се обезбеди кворум, е удар за фирмите кои ги чекаат парите од петтиот пакет мерки. Државните пари, посебно тие за февруарската  плата, се влезени во пресметките на компаниите, тие сметале на нив.

Најавите за нови затварања на економијата ќе предизвикаат огромна економска штета. Компаниите сега се поприспособливи од лани, но поддршка мора да добијат. Она што треба да биде нова грижа на државата во моментов е како да обезбеди свежи пари, затоа што изворите се веќе лимитирани.

Петтиот пакет мерки влезе во собраниска процедура пред повеќе од еден месец. Власта обвинува дека опозицијата е виновна што не е донесен, опозицијата тврди дека државата нема пари и затоа го одложува гласањето. Во вакви услови, дел од фирмите уште немаат исплатено февруарска плата за своите работници.

Извор: Сител