НовостиСветот на работникот

Живеете за викенд, а понеделник ве депримира? Еве кои се причините за тоа

   Време за читање 6 минути

Подготвил: Бобан Илијевски

Уште еден понделеник. Се будите нерасположени и исцрпени наутро? На овој проблем во главно се жалат студенти и вработени кои имаат петдневна работна недела. Враќањето на работа после викенд може да ги изнервира, депримира и да им се чини како обврска, многу повеќе ако се незадоволни.

Но за некои луѓе почетокот на работната недела е повеќе од мала иритација. Таа може да биде покренувач на значен пад на расположението.

„Monday blues“ е терминот што го опишува мноштвото на негативни симптоми кои се јавуваат на почетокот на работната недела.

Што е Monday blues?

Тоа не е медицински термин и не ја опишува специфичната состојба која може да се дијагностицира. Како таков, не е во Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања.

Една студија од 2020 година ја истражувала емоционалната благосостојба на сите вработени во понеделник. Истражувачите прашале дали луѓето се чувствуваат одморено и опоравено по викендот. Резултатите покажале дека на почетокот, во однос на крајот на неделата, вработените пријавиле: пониско ниво на задоволство од работата и повисоко ниво на стрес на работа.

Кои се причините?

Постојат многу потенцијални причини за „Monday blues“, но еве неколку вообичаени причини:

Незадоволство од работата или согорување

Ако постојано се плашите од враќањето на работа и велите дека „живеете за викенд“, можеби би требало подобро да ја разгледате состојбата на вашата моментална работна позиција.

Дури и работата која ја сакате може да направи да почувствувате т.н. burnout (согорување), ако преземате премногу или се соочите со стресори кои се вон ваша контрола, пишува Psychcentral.

Повторното проценување на вашата позиција не мора да значи драстична промена на кариерата или барање на нова работа во вашата област. Прилагодувањето на вашите моментални обврски или работното време може да биде доволно.

Когнитивни дисторизии

Когнитивната дисторзија е претеран, типочно штетен мисловен образец кој влијае на нечиј поглед на светот.

Еве неколку примери:

  • катастрофалното размислување значи дека го претпоставувате најлошото
  • претераното генерализирање: примена на исходот на една ситуација на сите ситуации
  • црно-бело размислување: исто така се нарекува размислување „се‘ или ништо“, размислувате за крајностите и не сте во состојба да го видите она помеѓу
  • претпоставување на најлошото во врска со неделата која е пред вас или воопштено за вашиот учинок на работа.

Лоши викенд навики

Природно е да сакате да се опуштите во текот на викендот, особено ако вашата работна недела е изискувачка. Но вашите активности во текот на саботата и неделата, дури и оние кои делуваат релаксирачки, можат да имаат влијание на вашето расположение во понеделник.

На пример, надоместокот на сон во текот на викенд, генерално, е добра идеја. Меѓутоа, ако вашата рутина на спиење во текот на викендот изгледа радикално поинаку од понеделник до петок, истражувањето вели дека тоа би можело да ги наруши внатрешните ритами на вашето тело.

Употребата на алкохол во текот на викендот може да доведе до мамурлак и лесно да влије на вашето расположение во понеделник наутро.

Кои се симптомите?

Симптимите кои кај некои ги предизвикува понеделникот и новата работна недела се преклопуваат со симптимите на депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања на прилагодувањето:

  • тага
  • летаргија или замор
  • чувствување на вознемиреност
  • упорна грижа за неделата која доаѓа
  • општо чувство на страв или нелагодност
  • промена во апетитот
  • проблеми со спиење
  • наптнатост на мускулите
  • главоболки

Кои се опциите за лекување?

Со оглед на тоа што „Monday blues“ не е клиничка дијагноза, не постојат специфични третмани. Психотерапијата може да биде одличен начин да почнете да ги откривате причините за лошото расположение.

На пример, ако чувствувате претерана грижа или имате лоши мисли за неделата која е пред вас, когнитивната бихејвиорална терапија (CBT) може да ви помогне да ги идентификувате и промените овие когнитивни образци.

Интерперсонална психотерапија (IPT) е другата опција. Таа се фокусира на лекувањето на симптомите на депресија кои настануваат поради одреден животен настан или ситуација. IPT може да биде особено од помош ако одредени односи придонесуваат кон вашиот стрес.

Начини како да се победи депресијата поради понеделеник

Ако вашето расположение во понеделник тешко се поправа, постојат многу стратегии за самопомош кои можете да ги пробате дома. Еве неколку идеи:

Водење на дневник: Поминувањето на неколку минути пишувајќи ги своите грижи за неделата која е пред вас може да помогне да им дадете преспектива. Исто така, можете да се обидете да напишете некои активности со кои би се бавеле во текот на неделата, за да се справите со се‘ што ве загрижува. Дневникот има многу предности за менталното здравје.

Медитација: Кога сте вознемирани или тажни, медитацијата може да биде одличен начин да си дозволите ментален одмор. Можете да ја практикувате во недела навечер како превентивна мерка, за да го подобрите расположението и за да можете подобро да спиете.

Вежбање: За некои луѓе, закажувањето на вежбање за понеделник наутро може да биде ефикасен начин да го избегнете лошото расположение. Докажано е дека вежбањето ги намалува симптимите на анксиозност, депресија и многу други состојби на менталното здравје, а исто така е и начин да го одвратите вниманието од било какви лоши мисли.

Закажете нешто забавно во работните денови: Наместо да ги закажувате сите свои дружења за крајот на неделата, можете да се обидете да испланирате некоја забавна активност во понеделник, како шетање со пријател за време на паузата или после работното време. Имањето на нешто на што можете да се радувате понекогаш може да биде доволно да ја промените својата перцепција за денот.

Извор: BIZlife

Фото: Pexels

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера