- Advertisement -
Новости

ЗАБРАНА ЗА ЛЕТОВИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И 14 ДЕНА ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА

130views

Министерството за здравство информира дека на главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки, односно забрана за летови од нашата земја до и кон Велика Британија до крајот на годината. 

Мерката за задолжителна 14 дневна самоизолација за сите граѓани, кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Англија, дополнително ќе важи и за патниците, кои од Велика Британија по копнен пат ќе стигнат во нашата земја.

Комисијата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок, превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна.