НовостиПравдаСветот на работникот

Признавање на Ковид-19 како професионално заболување

   Време за читање 2 минути
Бидејќи не постои унифицирано европско законодавство во оваа област, на секоја земја- членка е оставено да ги дефинира правилата за системите за признавање на Ковид 19 како
профсесионално заболување, како и шемите за компензација на национално ниво. Токму затоа различни пристапи се воспоставени во различни земји. Признавањето на Ковид-19 како професионална болест покренува многу технички
проблеми. Првиот се однесува на постоење на листа на професионални заболувања и можност за внесување на САРС-КоВ-2 во таа листа. Нашето Министерство за здравство
интервенираше за вметнување на точка 408 во Правилникот за професионални болести која ќе се однесува на инфекцијата од вирусот Ковид 19, но која се однесува само на здравствените работници. Имено останатите професии, меѓу кои дел од нив се видно на првиот фронт низ целата оваа здравствена криза беа изоставени од оваа одредба.
Бидејќи професионалното заболување мора да биде поврзано со одредено ниво на изложеност на работното место, една од тешкотиите се однесува на проценка на оваа изложеност. Дополнително признавањето на професионална болест не доаѓа без негативни последици за работодавачите, кои можат да бидат тужени од нивните вработени и на крајот може да се соочат со зголемување на бројот на инспекции на
трудот. Експерти од различни земји забележаа дека има недоволно известување за кластерите на Covid-19 на работните места.
Иако здравствените и социјалните работници припаѓаат на професионалните групи кои се изложени на висок ризик, сите вработени во секторите се под ризик. Превентивните мерки
се неопходни за нивна заштита. Токму во таа насока е и иницијативата која беше испратена до Уставниот суд од страна на МЗЗПР со цел оценување на уставноста на одредбата во однос на регулрањето на Ковид 19 како професионално заболување.
Останува да видиме каков ќе биде ставот на Уставниот суд по ова прашање и дали конечно ќе се разреши прашањето околу Ковид 19 како професионално заболување.
Тимот на Јуридика