Uncategorised

Започна процесот на развој на идниот Закон за работни односи

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски:

Реформите во законите имаат смисол само ако се темелат на јасна визија и конкретни цели кои треба да се постигнат со промените!

Токму затоа денес на Националната конференција за реформи во трудовото законодавство -предизвици и насоки, заедно со министерот за економија и труд, г-нот Бесар Дурмиши и претставници на сите синдикати, организации на работодавачи, судии, и академската јавност го започнавме процесот на определување на идниот развој на Законот за работните односи.

Во областа на трудот има многу предизвици! Дел од нив се заради несоодветните законски решенија, но дел се и заради злоупотребите на нормите при промената од страна на сите социјални партнери. Потребен е ред во законите, но и ред во луѓето за да има вистинска примена и добар систем на социјален дијалог!

Проф.д-р Лазар Јовевски