СветСветот на работникот

Заработуваат и до 800 евра додека одат на работа! СЕКОЈ РАБОТНИК ИМА БОНУС ОД ФИРМАТА

   Време за читање 1 минута

Возењето велосипед до работа во Белгија не е добро само за здравјето, туку и за паричникот. За секој километар кој ќе го поминат на патот до фирмата во која работат добиваат надомест од 0,28 евра.

Па така, некои од нив заработуваат и до 810 евра годишно. Соопштено е дека еден од шест белгиски работници минатата година возеле велосипед на работа и добиле ваков надомест.

Благодарение на оваа пресметка, граѓаните кои во 2024 година возеле велосипед на работа во просек заработувале околу 460 евра нето годишно, односно 38 евра месечно, што е за 20 % повеќе од 2023 година.

Вкупната сума на надоместокот кој ќе го заработат велосипедистите зависи од повеќе фактори, но пред се’ од оддалеченоста и износот на надомест кој компанијата го издвојува.

Истражувањата покажале дека еден од четири работници (26 %) кои живеат до пет колометри од фирмата возеле велосипед до работа минатата година.

Оние кои се подалеку и патуваат со велосипед најмалку два пати неделно заработуваат и до 300 евра годишно. Оние кои живеат најдалеку, и до 30 километри, заработуваат повеќе, но засега во Белгија такви се малку – само 11 %.

Извор: Brussels Times

Фото: Freepik