Светот на работникот

„За поголема вработливост на повозрасните луѓе потребно е постојано учење на нови вештини“

Дали повозрсните луѓе имаат исти шанси и можности како и помладите, на пазарот на труд?

На оваа тема, во четвртата епизода на Работник Подкаст разговарав со Катерина Златановска – Попова, Советник за кариерен развој и тренер за меки вештини.

Златановска – Попова посочи дека во Македонија, многу се менува пристапот за возраста. Но и дека се менува и побарувачката и понудата на пазарот на труд.

Катерина Златановска – Попова, Советник за кариерен развој и тренер за меки вештини

Би рекла дека во овој момент ситуацијата е подеднаква за оние кои се квалитетни и квалификувани работници, вели Златановска – Попова.

Златановска – Попова нагласи дека луѓето не треба да имаат цел да се вработат во јавната администрација.

Доколку зборуваме за отворениот пазар на труд, вели таа, секој од нас, со оглед на тоа дека одредени професии згаснуваат, а други се бараат, многу е важно постојано да бидеме отворени кон дообучување и едукација.

Клучот за вистинската промена на работното место е во постојаното учење на нови вештини. За жал, ја нема онаа пракса на вработување на едно работното место до крајот на работниот век. Затоа е важна доедукацијата, отвореноста и флексибилноста. Тие ни овозможуваат брзо и лесно да оформиме нови вештни и знаења. Благодарение на нив, стануваме повторно конкуретни на пазарот на труд, вели таа. 

Тоа, според неа е клучната работа која може да влијае на вработливоста на повозрасните луѓе.